Се сеќавам пред околу 8-9 години на еден од состаноците на Визија, Давид рече дека секој човек е зависен од информации. И беше во право. Јас сега навистина ја чувствувам потребата од информации. Се фатив себеси како во рок од пола саат проверувам мејл 5-6 пати. А имам Gmail Notifier на Firefox-от и знам дека скоро сите луѓе што ги познавам се или на работа или во длабок сон така да веројатно не ми пишуваат мене мејлови. Сепак проверив мејл 5-6 пати.
Ми требаат информации, ми требаат луѓе!
Jun 9, 2008
Зависник
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
6 comments:
puffff, shto kje ti se (ustvari pochekaj.....)
пуфффф што ќе ти се?!!!!
сега кога веќе имам интернет по дома и можам на раат да пишувам со кирилична подршка....можам да ти пишувам и мнооогуууу маилови!!!!
само што ќе ти се информации за досадново СК?!!!
ај уживај си таму на раат, далеку од балканштинава!!!
Си помислив (читајки го текстот) дека сакаш да ја истакнеш инфомацијата како канал преку кој се остварува контакт со другарчињата и блиските.Кажано со зборови на трансакциона анализа може да се чита преку твојот текст дека информацијата е stroke(s), e units of interpersonal recognition, to survive and thrive. Информацијата преку овој текст повеке ја согледувам како од емотивната сфера, а не од когнитивната (на пример да научам нешто ново...) НЕКА ТРЕПКА!:)
"само што ќе ти се информации за досадново СК?!!!"
Досадново Скопје?!?!
Цццц Весна, каква тапа си станала... Во “досадново“ Скопје, во последниов месец/месец и половина, се случија толку многу ИНТЕРЕСНИ настани, само кој да ги види...
Весне излези од дома, затоа што Скопјево нема да ти стане интересно дома...
Инаку, дека не зборам за џабе, во Скопје изминатиов период ова се случуваше:
- Офф фест (на кој ти Весне скисна),
- Баскер фест беше и помина
- Миљарда интересни журки со електронска музика (да не ти ги пишувам дџ-еите и онака ништо не ти значат)
- Росин Марфи беше вчера во Хард Рок
- во четвртокот на плоштад интересна комбинација на класична музика во живо и електронска музика, нешто супер невообичаено за наши простори, и тоа за беспари (и на ова беше Весне)
Да не наборјувам повеќе...
Весне, што вусшност ти сакаш? Што се крие позади твојата гоооолема разочараност од досадново Скопје?
Хм, Данче, стручна помош??? :)
Ми ги зема збороривте од уста дека последниов период имам впечаток дека скопје не е доасдно место за живеење дека напротив има многу случувања:
еве само едно да додадам на листата
http://foto.idividi.com.mk/fotografika.html
:)
Настоятельно новый портал [url=http://obzormania.ru/program/8-skachat-game-booster-1-1.html]Скачать Game Booster 1.1[/url] , даже про [url=http://obzormania.ru/igronevs/65-stala-izvestna-tochnaya-data-reliza-twisted-metal.html]Стала известна точная дата релиза Twisted Metal[/url] очень интересно написано.
Комплексный Капитальный Ремонт улучшение кафе в Запорожье http://ukladka-kafelj.ucoz.ua http://remontkvartiri.at.ua http://ukladkalaminata.at.ua
Post a Comment