Dec 10, 2007

Книга-Усран сум

Денес е голем ден за мене. Вчера, недела 09.12.2007 јас за прв пат во мојот живот прочитав цела книга, со сите нејзини 366 страни! Згора на се беше на Англиски! Никогаш предходно, па дури ни кога ги препрочитував Контакт или Ранолентите Орли не сум прочитал една цела книга од почеток до крај во еден ден. Книгата, by the way, е Епидемија (Outbreak). Сите се сеќаваме на филмот со мајмунчето ...

Јас, на пример, незнаев дека она бубачето Ебола е всушност вистинско. Не само што е вистинско, туку има дури 4 видови на Ebolavirus кој предизвикува акутна хеморагична треска=>смрт. Лек нема, терапијата е само да се ублажат симптомите додека не умреш.

Потоа скокнав до сајтот на Center of Disease Control да видам што ќе кажат. И луѓето убаво си кажуваат, до сега имало 17 епидемии на Ебола! Повеќето и се разбира, страшните, се во централна Африка, скоро сите со процент на смртност над 60%. Единствениот докажан airbornе вид е Ebola-Reston, кој за среќа не е опасен за луѓето. Сите видови инаку лесно се пренесуваат како аеросоли во лабораториски услови, но тоа "не е докажано" во надворешна, вистинска средина. Барем така викаат луѓето од CDC.

Па, да пазиме каде дишеме во иднина!

ПС. Ваков вирус кој има кратко генерациско време е веројатно под силен притисок на природна селекција. Можноста да ги задржи мутациите кои би му овозможиле капсид (протеинска обвивка) отпорен на воздух ме плаши. Усран сум.

Dec 6, 2007

Време

Конечно најдов малку време и воља да потсредам некои работи околу мојот блог..

Некои можеби интересни дешавки од Тексас можете и визуелно да ги проследите тука. Се разбира доколку не ме мрзи да аплоадувам ствари на интернет.

Dec 5, 2007

Кој е покреативен? Radiolarian Space ships


Мене сеуште ме зачудува неверојатната комплексност и убавина на микроорганизмите. Овие неколку послужиле како идеи за креирање на имагинарни вселенски бродови. Гикот во мене не можеше да не го примети и прокоментира ова.