Денес е голем ден за мене. Вчера, недела 09.12.2007 јас за прв пат во мојот живот прочитав цела книга, со сите нејзини 366 страни! Згора на се беше на Англиски! Никогаш предходно, па дури ни кога ги препрочитував Контакт или Ранолентите Орли не сум прочитал една цела книга од почеток до крај во еден ден. Книгата, by the way, е Епидемија (Outbreak). Сите се сеќаваме на филмот со мајмунчето ...
Јас, на пример, незнаев дека она бубачето Ебола е всушност вистинско. Не само што е вистинско, туку има дури 4 видови на Ebolavirus кој предизвикува акутна хеморагична треска=>смрт. Лек нема, терапијата е само да се ублажат симптомите додека не умреш.
Потоа скокнав до сајтот на Center of Disease Control да видам што ќе кажат. И луѓето убаво си кажуваат, до сега имало 17 епидемии на Ебола! Повеќето и се разбира, страшните, се во централна Африка, скоро сите со процент на смртност над 60%. Единствениот докажан airbornе вид е Ebola-Reston, кој за среќа не е опасен за луѓето. Сите видови инаку лесно се пренесуваат како аеросоли во лабораториски услови, но тоа "не е докажано" во надворешна, вистинска средина. Барем така викаат луѓето од CDC.
Па, да пазиме каде дишеме во иднина!
ПС. Ваков вирус кој има кратко генерациско време е веројатно под силен притисок на природна селекција. Можноста да ги задржи мутациите кои би му овозможиле капсид (протеинска обвивка) отпорен на воздух ме плаши. Усран сум.
Dec 10, 2007
Книга-Усран сум
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
6 comments:
„...смртоносен како ебола, мојата мисија е пронајди и уништи... “- така викаат САФ. :) А ти што си се усрал, мора да дишеме. Сум пробал да не дишам, не иде. Минута и пол и толку. И мене ме плашеа овие 3 месеци кога се шалтав по тоа клиниките горе (по работа) пази да не закачиш нешто, посебно кога одев на инфективна, ама колку и да пазиш, може да се заебе нешто.Ај, диши по малку. И доаѓај више. :) На чист воздух во Скопје. :)))))))))
Ебола е премногу смртоносен да биде опасен. Позаебани се ептен отпорните Туберколозни бактерии...
Мене ме плаши имево Ebola Rest(on). И мислам дека фали уште еден дел - People. Ebola Reston People е правото име! Аииии, пиздарија!
Да појаснам, има формула:
Ebola + Rest + On + People
Подмет + Прирок + Предмет =
на пиздаријата за која ви зборувам!
Ќе шетаме со скафандери, на на на!
Фром д мејкерс оф Вај Соу Сад Мај Литл Паљачо Дизиз eнд Крематориум Парти камс а њу стори Ебола Рестон вит Шанаја Престон енд Чочена Гибсон ез ди Ebola Suckers!
Хибизла, ти си 100% откачен! Оу јеаа! :)))
Post a Comment