Sep 4, 2007

Austin Flugtag 2007

Епа пролетери и пролетерки време беше да пишам пак,

Знам дека мојата верна флота на читатели е континуирано жедна за нови и нови содржини!

И така јас во едно споро, телевизиско, саботно попладне добив покана да одам на Austin Flugtag 2007. Отидовме јас и Pit, човек со една функционална нога и неверојатна креативна енергија за изработка на ствари. Стигнавме, се буткавме прво до лошото американско пиво. Блуткаво е преблаг збор за ваквото пиво (јас во меѓувреме си набавив Stela за лабораториска употреба)! И така после малку газевме по ќебиња за да стигнеме до некое пристојно растојание од каде би можело да се види барем нешто од дешавката ....

Austin Flugtag 2007

3 comments:

Unknown said...

Кофтенце

Супер сликите особено ми се допага првата слика со тебе и пит.:)

Vladimir said...

Хехе токму така Даниела, само не разбрав кој повеќе ти се допаѓа на таа слика, Тофе или Пит? :)))

Инаку Тофе, на наредниот Austin Flugtag сакам да те видам таму горе качен. Како рипаш во водата јавнат врз реплика на црешовото топче. :)))

Ова само како идеја...

Unknown said...

Да бев јас со вас сигурно ќе си ја шинев ногата. Не, ќе си ги шинев и двете нозе, едната во буткање а другата во величествено тромав обид да летнам над водата. Сине, хе хе хе и Yo!
Ваму ти е весело, а?