Да. Се очекуваше дека јас ќе се оддадам на outdoor активностите. Ама какви?
Така едно неделно попладне отидовме со Elizabeth и Pit на кајакарење на брзи води во северниот дел на најголемото нешто на планетата, Texas, каде се лудо се забавувавме.
Нема да должам многу во оваа прилика, но како доказ за екстремните услови во кои се одвиваше оваа неделна авантура ќе ви оставам некоја слика:)
Опасно брзи води, нели:)
Aug 29, 2007
Кајак на Colorado
Aug 15, 2007
Texas saga
I'm a poor lonesome cowboy
a long, long, way from home.
I'm a poor lonesome cowboy
a long, long, way from home.
Aug 11, 2007
И јас имам блог
Ете, пред моето заминување на печалба јас конечно отворив свој блог.
Тука зависно од моето време и креативност ќе можете да прочитате и некој пост.
Ќе се вика Т_невник! Демек да асоцира на Дневникот на некој чиешто име почнува на буквата Т(еофил). Иако во реалноста ова баш и не мора да значи многу. Некој од вас можеби ќе си помисли дека е почетна буква на презиме или пак нешто сосема поинаку како например T-shirt, што апсолутно нема никаква врска ни со мене а ни со овој блог.
Мене ми се јавуваат и други асоцијации околу името на овој блог. На пример едната е Г_невник. Што асоцира на тоа дека овде можеби ќе се објавуваат гневни постови или пак Т_ревник, што претпоставува некакви зелена, земјоделско-хортикултурна содржина. Во секој случај ова ќе биде место каде јас ќе се обидам да ве излажам за тоа колку убав ми е животот.
Па така, до првиот посериозен пост.